Tesla остана без покрив во возење (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година одредени сопственици на Tesla возилата алармираа дека од нивното возило се откачил покривот.

Овие тврдења најпрво ги демантираа од Tesla, за пред некој месец да потврдат дека тоа се случува или може да се случи кај одредени верзии на моделот S.

Сега на интернет се појави видео снимено во Кина на кое се гледа како на моделот S во возење одлетува покривот.

Од американскиот производител кратко наведоа дека сопственикот ќе добие нов покрив, а започната е истрага за причините за овој инцидент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK