Со новиот освежен дизајн и нови технологии Seat Ateca сега и во македонската понуда

ОБЈАВЕНО НА:

Четири години по претставувањето Seat реши да ја освежи Ateca, и неколку месеци по објавувањето на веста новиот модел е веќе присутен и во македонските салони, во понудата на Порше Македонија. Овој компактен теренец веќе има зад себе над 300.000 продадени возила и со освежувањето треба да се продолжи неговиот животен век пред доаѓањето на наследникот.

А кога се појавува фејслифтот, освежувањето тоа е потврда дека има и многу подобрувања, нови детали, подобрени елементи со кои тој станува уште попривлечен. А Cupra е најуспешниот СУВ на шпанскиот бренд што е во состав на VW.

Токму поради фактот што само во 2019 година се продадени над 100.000 возила од овој бренд компанијата не сака многу да експериментра, да ризикува со нешто што е добро прифатено. Сега тука се новите ЛЕД светла инспирирани од последниот Seat Leon што е најочигледната промена, слично како и предната решетка и браник. Од позади има целосно ЛЕД светла со динамички индикатор (за FР и Xperience нивото на опрема) и браник во кој е вграден нов издувен систем, односно цевка.

SEAT Ateca е дизајниран и развиен во Барселона, а се произведува во Квасини (Чешка), додавајќи дополнителен импулс во составот на SUV понудата на брендот – сегмент на возила што е суштински важен за континуираниот успех на SEAT.

Новиот дизајн значи дека браниците на моделската 2021 ја прават Ateca за 18 мм. подолга и сега вкупната должина е 4.381 мм. додека ширината и висината oстануваат исти. Има и доста подобрувања и новитети во различните нивоа на опременост, особено на Xperience.

Во внатрешноста Ateca го донесува новиот 10,25 инчен дигитал кокпит и надградениот инфозабавен систем со новиот HMI изглед и позиционираниот 8,25 инчен или 9,2 инчен танч екран. Нов е и кожниот управувач, панелите на вратите и опшивката на материјалите.

Во однос на поврзувањето во новата Ateca тука е новиот систем за препознавање гласови, безжичниот carPlay и Android Auto, потоа онлајн навигација…. Покрај тоа, новата апликација SEAT Connect нуди далечински управувач за низа функции, вклучително и позиција на паркирање, заклучување и отклучување на вратите, далечински пристап до податоците за возење и преостанатиот опсег, меѓу другото. Четири осветлени USB конектори од типот C и безжично полнење на телефонот сега се стандардни низ целата понуда.

Освежените погонски агрегати вклучуваат три бензински единици TSI со турбо полнење и два турбо дизели TDI. Три цилиндричниот мотор со моќност од 109 КС, TSI со процес на согорување со Милер циклуси турбо полнач со променлива геометрија, го започнува опсегот во комбинација со рачен менувач. Потоа следува е четирицилиндричен TSI 1,5 литарски 148 КС со Active Cylinder Management, достапен или со шестстепен мануелен или седумстепен DSG автоматски со двојна спојка. Топ бензинска единица е 2.0-литарски TSI со 187 КС, опремен исклучиво со менувач DSG и систем 4Drive AWD.

Што се однесува до дизелите, досегашниот 1,6-литарски TDI го нема, оставајќи им на клиентите можност да изберат помеѓу 2,0-литарски TDI со 113 КС приклучен на шестстепен рачен или 148 КС 2,0 -литарски TDI понуден или со мануелен или со DSG. Во комбинација со менувачот со двојна спојка, помоќниот мотор може да се има и со 4Drive AWD.

Повеќе детали за новата Seat Ateca во салонот на Seat во Скопје.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK