Hyundai Motor пријави 9,5% раст на продажбата во јуни

ОБЈАВЕНО НА:

Со продадени 375.113 возила во светот во јуни 2023 година, Hyundai Motor забележува раст на реализацијата за месецот од 9,5% во однос на истиот месец од 2022 година. Резултатите на компанијата за првата половина од годината се на ниво од 2.081.462 единици или 10,8% во однос на првото полугодие од минатата година.

„И покрај континуираната неизвесност во деловното опкружување, компанијата одржува стабилен продажен момент поради постепеното закрепнување од глобалниот недостиг на делови и лансирањето на нови модели, вклучително и целосно новата KONA SUV и целосно новиот предводник седанот Grandeur (Azera надвор од Кореја), соопшти од Hyundai Motor.

Во јуни 2023 година, Hyundai Motor објави дека продал повеќе од 20.000 од своите целосно електрични возила ширум светот, при што IONIQ 5 и IONIQ 6 сочинуваат повеќе од 60% од нив.

Од Hyundai коментираат дека со цел да се исполнат очекувањата и барањата на потрошувачите, оваа година компанијата ќе лансира неколку нови пазарни понуди, вклучувајќи ја и KONA лансирана во март, како и претстојните премиери на IONIQ 5 N и Santa Fe.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK