Конечно порасна продажбата во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Продавачите на нови возила во Германија конечно може да заспијат задоволни, а причината за тоа е порастот на продажбата на нови возила во септември годинава.

Како што соопштува KBA, во септември се регистрирани 265.227 нови возила што претставува пораст за 8,4% во однос на месец август.

Од оваа бројка, 21.188 возила се целосно електрични што претставува исто така пораст во однос на претходните месецеи и дури три пати повеќе од септември минатата година.

Задоволни се и производителите на возила кои во септември произвеле вкупно 396.300 возила. Тоа претставува пад за 11% во споредба со септември минатата година, но ова воопшто не е лош резултат особено поради фактот што во септември минатата година беа воведени нови построги критериуми за издувните гасови. Секако, тука треба да се земе во предвид и коронавирусот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK