Audi подготвува мал електромобил со цена до 20.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните возила се во мода, а една од мааните им е што се уште се скапи за поголемиот дел од луѓето. Плановите на Audi тоа може да го сменат. Во гамата на овој производител ќе се појави евтин градски електричен автомобил со должина од околу 4 метри тврди британскиот магазин Auto Express. Моделот ќе биде надграден na поедноставена верзија на платформата MEB, ќе може да се патува до 240 км. без полнење на батериите ќе им биде конкурент на оние што ќе сакаат да купат MINI Electric.

Екстериерот на малото електрично Audi ќе потсетува на дизајнот на концептот за AI:me, прикажано во април минатата година. Извори од компанијата тврдат дека користењето на поедноставен софтвер за платформа MEB Entry ќе и овозможи на компанијата да има почетна цена за моделот од 20.000 евра.

Првото електрично возило на VAG засновано на MEB Entry платформата ќе влезе во производство во 2022 година. Ова ќе биде сериска верзија на Volkswagen ID.Entry. Audi веројатно ќе го понуди својот помал модел подоцна, а понатаму ќе бидат достапни и електрични модели ќе ги лансираат и Skoda и Seat.

Во 2021-2022 година, на европскиот пазар ќе се појави и евтин електричен автомобил од групацијата Renault. Извесно е дека ќе се продава под брендот на Dacia.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK