Range Rover наполни 50 години (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пред точно 50 години, Range Rover стана дел од секојдневието на корисниците кои бараат бескомпромисно возачко однесување на патот и надвор од него и најлуксузно поставување кое е можно за ова искуство.

Низ годините легендата ги освои фановите и клиентите низ целиот свет, откако ја награди основата со револуционерни технологии, кои дотогаш не беа видени во сегментот, а првото возило 4х4 со антиблокирачки сопирачки систем, првиот 4х4 со електронска програма за контрола на контактот на гумите со патот, автоматска електронска воздушна суспензија, целосно алуминиумско купе и друго.

За да го одбележи овој јулијел, легендарниот Land Rover објави специјална лимитирана серија Range Rover Fifty, во која ќе бидат вклучени тематски само 1970 автомобили.

Range Rover Fifty, кој ќе биде достапен во двете верзии на купето на моделот се разликуваат од стандардните верзии на автомобилот со ред уникатни екстериерни и ентериерни дизајн и стилски решенија, два нови и зачувани за серијата дизајн 22-инчни тркала, избор меѓу четири основни бои главно за надворешноста – Carpathian Grey, Rosello Red, Aruba и Santorini Black и други.

За оние што бараат вистинска екслузивност од Land Rover Special Vehicle Operations подготвиле три „репродукции“ од оригиналот – Tuscan Blue, Bahama Gold и Davos White.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK