Три модели на PSA мораат на сервис – имаат по четири дефекти за поправка

ОБЈАВЕНО НА:

На најновата листа на возила што ќе мораат да одат на сервис поради пронајдена маана се наоѓаат три модели на PSA групацијата. Интересно е што сите три модели имаат не по една, туку по четири дефекти што се откриени. Вообичаено на сервис ги повикуваат за еден до два дефекти, а ова е еден од ретките случаеви кога кај сите возила се детектирани по четири проблеми што мораат да се отстранат.

Бидејќи сите се од иста Групација, доаѓаат од исто место на иста плаформа се направени и веројатно и добавувачите на делови се исти. Затоа и се поклопуваат со истите дефекти. Се работи за моделите: Citroen Spacetour, Citroen Jumpy и Peugeot Traveller. Сите се произведени во период од 2016 до 2019 година.

Првиот дефект се однесува на Задните црева за сопирачките. Тие може да се прикачат неправилно и може да се оштетат. Ова ќе ги наруши перформансите при сопирањето зголемувајќи го ризикот од несреќа. Сите три модели опфатени со овој повик биле произведени меѓу 24 февруари 2016 година и 10 мај 2019 година.
* Notification_A12_00873_20_en

Вториот дефект се однесува на Завртките на безбедносните ремени кои не се правилно наместени. Ова може да го наруши ефектот на ограничување на безбедносните ремени, зголемувајќи го ризикот од повреди во случај на несреќа. Моделите погодени од ова повлекување биле произведени меѓу 17 декември 2018 и 26 април 2019 година.
* Notification_A12_00871_20_en

Кај третиот проблем се работи за лаковите на предните тркала кои може да бидат несоодветно залепени, дозволувајќи влегување на влагата. Ова може да предизвика дефект на електронските компоненти како што се воздушните перничиња.
Моделите погодени од ова повлекување биле произведени меѓу 8 и 19 септември 2019 година.
* Notification_A12_00872_20_en

Последниот дефект што е пријавен е кај задните притискачи на сопирачките можат да бидат неисправни. Ова ќе го наруши функционирањето на сопирачката за паркирање, зголемувајќи го ризикот од несреќа. Моделите погодени од ова повлекување биле произведени меѓу 22 март и 15 април 2019 година.
* Notification_A12_00876_20_en

Следете не и на:

24AUTO NETWORK