Ерин Силс со нов брзински рекор на мотоцикл (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Нов брзински рекорд ни доаѓа од Боливија. Истиот е дело на Ерин Силс, која веќе подолго време е дел од Hunter Sills Racing тимот.

Силс, возејќи BMW S1000RR успеа да постигне брзина од 368.97 км/ч што е за 12 км/ч побрзо од актуелниот рекорд кој претходно го постави, сега покојниот нејзин сопруг. Тој во 2015 година како член на истиот овој клуб успеа да постигне брзина од 356 км/ч.

Следни на потег се од Меѓународната мото федерација кој официјално треба да го потврдат овој брзински рекорд.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK