Погледнете како со Toyota прелета преку базен – лошото време спречи жртви (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возач со Toyota RAV4 имаше страшна сообраќајна незгода. Неименуваниот возач со своето SUV возило буквално прелета преку базен пробивајќи при тоа две огради.

Овој настан се случил во Мајами, а локалниот медиум Local10News објави и видео од настанот снимено од безбедносната камера на куќата.

“Се слушна како експлозија, голема експлозија” изјави Лаго, сопственик на домот. Тој додаде дека врнежливото време спречила вистинска трагедија бидејќи вообичаено кога е сончево неговото семејство го користи базенот.

По настанот возачот бил хоспитализиран со повреди, а против него е покренато обвинение за предизвикување општа опасност. Причината за сударот е неприлагодена брзина и губење на контрола.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK