Моделот LFA на Lexus важи за модел кој е произведен во најмалку примероци. Во периодот од две години од 2010 до 2012 година, кога и се произведувал, овој модел е произведен во само 500 примероци.
Тоа само по себе му доделува одреден ексклузивитет. Тоа е и причината зошто овој автомобил е еден од најбараните на Lexus на пазарот на половни авотмобили.
Но, верувале или не, најскапиот примерок од овој модел се продава за 1.049.600 евра.
Станува за примерок кој е целосно хромиран. Има поминато само 870 евра, а во однос на моторите располага со стандардниот 4,8 литарски бензински мотор кој пак има моќност од 563 КС.
Дали се исплати за овие пари да се купи овој автомобил или некое ексклузивно Ferrari останува да проценат потенцијалните купувачи.