Нoв француски електромобил, кој ќе се полни со сончеви панели (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот стартап Gаzеllе Tесh претстави еден доста интересен концепциски електричен автомобил. Од компанијата најавуваат дека ќе биде пуштен во сериско производство во блиска иднина.

Gаzеllе e мал хечбек од класата В, тежок само 700 килограми. Факт е дека каросеријата му е изработена од композитни материјали. На тој начин ниската тежина дозволува да се постигне автономна дистанца од 180 километри, дури и со мала батерија.

Електричниот автомобил може да се полни од мрежата за 4 часа, но акцентот на Gаzеllе e друг и се крие во специјалниот покрив. Тој не само што го штити возилот, туку и го полни. Иновациската „линија“ има соларни панели со плоштина од четири квадратни метри.

За еден ден тие обезбедуваат дополнителни 15 километри автономија, но Французите трвдат дека кога ќе дојде до сериско производство оваа бројка ќе се зголеми до 30 километри. На теорија може да се патува на кратко растојание и воопшто да не се поврзувате со електричната мрежа. Самиот кров се собира автоматски.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK