Tesla ќе вработи над 10.000 работници во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla иако започна со градежни активности на својата прва европска фабрика лоцирана во Грунхајд, близу Берлин, поради протест на локалното население и пријавите до инспекциските служби, изградбата е стопирана.

Во моментов американскиот производител се обидува да ги добие и дополнителните дозволи како би го фатила крајниот рок за изградба на фабриката, а тоа е јули следната година.

За таа цел започна со регрутација односно вработување на дел од потребните 10.500 работници кои ќе работат во оваа фабрика. Истите, според податоците, ќе работат во три смени по 3.500 работници во секоја од смените.

По вработувањето, овие работници ќе поминат и задолжителна обука, а засега не е позната платата која би ја добивале.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK