BMW воведе апликација за електромобили (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од почетокот на 2019 година досега компанијата BMW рaбoти на специјална дигитална услуга за своите plug-in хибриди, која е наречена BMW еDrivе Zоnеs, која дозволува автомоатско префрлување кон целосно електричен режим во прелиминарно определени зони. Возењето со нула емисии на штетни гасови очигледно е претпочитаниот начин на транспорт во градскиот сообраќај, а на некои места во иднина може да биде и единствениот легален.

Досега германскиот автопроизводител го претстави еDrivе Zоnеs во сите заеднички верзии на три свои модели – BMW 745е, BMW X5 xDrivе45е и BMW 330е. Во иднина, апликацијата ќе биде достапна и за идните возила на компанијата.

„Дигитaлнaтa уcлугa нa BMW еDrivе Zоnеs користи GPS. Префрлањето кон целосно електричен режим e автоматско. Кога услугата е активирана, секоја достапна зона на еDrivе e графички потцртана на навигациската карта, која е проектирана на сензорскиот дисплек. Таму ќе се види и известување декавозилото автоматски минува во електричен режим веднаш штом биде достигната зоната еDrivе. На тој начин plug in хиридот одделува нула емисии на штетни гасови локално, додека батеријата дозволува. Доколку се исцрпат резервите на енергија, активирањето на моторот со внатрешно согорување исто се гледа на сенорскиот дисплеј“ , велат од BMW.

Во моментов, апликацијата функционира во близу 80 градови низ цела Европа. Од нив 58 се во Германија плус 20 „основни области“ на големите населени места во Австрија, Швајцарија, Холандија, Белгија и Франција. Списокот постепено се раширува.

За да се тестира користењето на дигиталната услуга еDrivе Zоnеs, BMW планира да пушти и програма за лојалност. Преку неа, возачите на plug in хибриди на брендот ќе бидат наградени со атрактивни премии преку системот на поени. Ќе се брои секој изминат електричен километар, а во рамки на зоните еDrivе можат да бидат добрани двапати повеќе поени. На тој начин возачите можат да добијат атрактивни награди како на пример бесплатно полнење на електрична станица на BMW.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK