Lada ја враќа ознаката Niva

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors (GM), кој многу години во Русија го произведуваше СУВ автомобилот Chevrolet Niva, се повлекува од пазарот во оваа земја. Од General Motors одлучија постепено да го намалуваат своето присуство на многу пазари во светот, па така одлучил да го продаде својо удел од 50% сопственост во заедничката руско-американска компанија GM-АвтоВАЗ.

Акциите на американскиот авто-гигант ќе ги преземе АвтоВАЗ групацијата, која инаку е сопственост на францускиот Renault. На тој начин, АвтоВАЗ станува стопостотен сопстевник на некогашната компанија GM-АвтоВАЗ која во Русија го произведува СУВ моделот Chevrolet Niva.

Со спогодба е предвидено АвтоВАЗ извесно време да продолжи да ги прави возилата Niva со ознаката Chevroleta, за подоцна да биде склопуван со амблемот на Lada. Инаку, овој не треба да се меша со легендарниот теренец на Lada лансиран пред повеќе од четири децении, кој првобитно се нарекуваше Niva, a кој сега ја носи ознаката „4×4“.

Компанијата GM-АвтоВАЗ произведува автомобили во фабриката во Тољати од 2001 година. Овој погон има капацитет од 100.000 автомобили годишно, а се наоѓа во близина на главната фабрика на АвтоВАЗ во тој град. Актуелниот Chevrolet Niva се прави веќе две децнии, со мали стилски измени. Наследникот беше најавен со концептот од 2014 година, но GM подоцна се откажа од него.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK