Ако ги прашате пешаците тие ќе ви кажат дека најголем проблем им е кога треба да ја минат улицата на обележано место. Возачите се невнимателни и не ретко не сакаат да застанат. Но, во Кина веќе постои зебра која е во корист на пешаците.
Во кинескиот град Нанјинг се конструирани нов вид на “паметни” пешачки премини. Станува збор за премини кои функционираат неколку месеци на улиците на овој град, а кои засега се покажуваат како крајно функционални.
Во овие премини се вградени LED диоди и кога во близина на истите има пешаци кои се подготвуваат да ја преминат улиците истите започнуваат да светат, давјќи светлосен сигнал на возачите.
Ќе се сложите, вакви пешачки премини се потребни во Скопје и останатите градови низ земјава.