Bentley Continental GT SupersportsPhoto: James Lipman / jameslipman.com

Bentley ќе ги електрифицира сите модели во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили не само што не се иднината, туку полека, но сигурно стануваат сегашност. Луксузниот производител на автомобили Bentley е последниот во низаа кој најави целосна електрификација на својата понуда.

Тоа го потврди и еден од членовите на управниот одбор на компанијата кој изјави дека до 2023 година ќе бидат електрифицирани сите модели од понудата, а целосно новиот електричен автомобил ќе биде претставен во 2025 година.

Bentley Bentayga Hybrid е првиот plug-in хибриден модел кој го претстави британскиот производител. Според Крис Крафт, членот на управниот одбор на Bentley, до 2023 година со некој вид на алтернативен погон ќе ги видиме и моделите Continental GT, Flying Spur и Mulsanne.

Засега не се откриваат информации околу техничките карактеристики на овие електрични изведби, но се очекува да ја користат технологијата на Volkswagen Групација во која всушност и припаѓа овој производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK