Германските „зелени“ преку гласање во Парламентот бараат ограничување на брзината на 130 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Нема повеќе возење „до даска“ и „без ограничување“ на германските автопатишта. Партијата на зелените во Германија бара ограничување на брзината на 130 км/ч. Тие очекуваат нивниот предлог да биде поддржан и од членовите на СДП.

Германските пратеници ќе гласаат во средината на октомври за тоа дали на сите автопатишта ќе има ограничување од 130 км на час или ќе останат истит еправила како и порано.

Со ограничување од 130 км/ч. се проценува дека меѓу 1 и 3 милиони тони СО2 помалку би се произведувале годишно на германските патишта и ќе се намали бројот на жртви. Сепак, мнозинството во Парламантот и федералниот министер за транспорт, Андреас Шеуер, се против ограничувањето.

„Зелените“ веќе ја доставија оваа идеја во Комитетот за транспорт во септември. На предлогот на „зелените“ се придружува и германската протестантска црква во централна Германија со својата петиција. Тие собраа 50.000 потписи во април за четири недели.

Министерот за животна средина на СПД, Свена Шулце, се залага за наметнување на ограничувањето, бидејќи СПД веќе повика на ограничување на брзината на конгресот во 2007 година. Предлогот е поддржан и од полицискиот сојуз, а повеќе од половина од Германците се против идејата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK