Повторно: Ford Mustang е најпродаваниот спортски автомобил во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот спортски модел Mustang одново е најпродаваниот спортски автомобил во светот. Четврта година по ред автомобилот на Американците го зазема првото место, а заедно со тоа се отчитува и пораст на продажбите.

Според статистиката од минатата година во Европа се продадени 113.066 примероци од моделот, а во текот на првите месеци од 2019 година дури е регистриран пораст од 27%. Вториот најуспешен пазар е тој во САД. Таму се продадени 75.842 возила, а дел од нив се за верзијата Bullitt. На територијата на Обединетото кралство исто така има пораст од околу 5’ (2323 продажби) за минатата сезона во однос на 2017 година.

„Го следиме познатото од пред 55 години, кога Mustang се појави на пазарот. Тоа е слободата-радоста од возењето, звукот на V8 во пролетен ден и ветерот во косите. Нема ништо подобро. Ништо чудно, дека тоа е најпродаваното спортско купе во светот“, вели шефот на светските пазари на Ford, Џим Фарли.

Во моментов Mustang е достапен во 146 земји, со повеќе од 500.000 единици од шестата генерација на моделот кои се продадени на глобално ниво за периодот од 2015 до 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK