Цената на нафтата на ниво од 2018 година – ќе поевтинува горивото

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво, како во декември 2018 година. Причината е ширењето коронавирус што се појави во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, пренесува Ројтерс.

Цената на нафтата опадна за 25% од јануари, кога имаше одреден скок. Во моментов се продава барел американска лесна сурова нафта за помалку од 50 долари, што е најниско ниво од 7 јануари 2019 година. Фјучерсите на Бренд се намалија за 1,20 долари или 2,2% и во моментов се под 54 долари.

Стравувањата за снабдувањето се зголемија во петокот, кога Русија објави дека треба повеќе време да размисли да ги прифати препораките на ОПЕК и нејзините сојузници, ОПЕК +, за да го намали производството на суровина за уште 600.000 барели на ден. Групацијата ОПЕК +, која произведува повеќе од 40% од светската нафта, го намали своето производство за 500.000 барели на ден од почетокот на 2020 година.

Во понеделеникот во Македонија беше донесена одлука за поевтинување на горивото. Оваа недела ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 65,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ за 57,50 денари. Тие добија намалување за 0,50 односно за 1 денар.

Ако продолжи задржување на цената на церзата или намалување во понеделеник е можно ново намалување на цената на дериватите.