Пикап Москвич со волан од десна страна се продава за 65.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

На руските специјализирани сајтови за продажба на автомобили се појави еден интересен оглас. Станува збор за Москвич пикап со десен волан. Сам по себе тој пикап Москвич-434 е доста редок бидејќи е правен во многу мала серија.

Од него има и такви за извоз, пред сè за Велика Британија, кои се со обратна дирекција. Во тоа време со увоз на Москвичи на островот се занимаваше компанијата Satra Motors Limited.

Еден таков „англиски“ Москвич се продава за цена од 5 милиони рубли, а тоа е еднакво на 65.000 евра. Продавачот ја оправдува високата цена со фактот, дека таквите пикапи со десен волан се само 100 на број произведени.

Според информацијата од објавата тој пикап е единствениот оригинален, кој е зачуван до денес. Москвичот е опремен со 1,5 литарски бензинец, со моќност од 75 коњски сили, а произведен е во далечната 1972 година и е со километража од едвај 1000 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK