Пет знаци дека сте наполниле неквалитетно гориво во возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Разреден или нискоквалитетен бензин е стравот на секој возач. Ваков „инцидент“ бо требало да биде нешто „странско“ и невообичаено. Но, има случаи и кога тоа се случува. Се случува да се сретнат несигурни бензински станици со несовесни менаџери. Ако во резервоарот има такво гориво, не очекувајте ништо добро.

Затоа треба да се знаат знаците што ви ги покажува автомобилот кога резервоарот има неквалитетно гориво.

Неисправност на моторот
Автомобилот не пали од првпат или моторот се дави? Тоа е еден од најзабележителните индикатори дека во системот за гориво има лошо гориво. И покрај тоа, дури да не се случи ништо слично нема да е лошо да ги слушнете звуците на енергетскиот блок.

Чуден звук при притискањето на педалата за гас исто така може да укажува на лошо гориво. Нарушената стабилност на моторот, проблеми со коленестото вратило, како и движењата на вртежите после полнењето исто така укажува на присуство на проблемтично гориво.

Влошување на показателите за брзина

Дали притискањето на гаста сфаќате дека возилото не се однесува така брзо како порано? Тоа е уште еден елоквентен знак дека нешто не е в ред со последното гориво кое е внесено во резервоарот. Во најдобриот случај едноставно е наполнето гориво со пониски октани. Можете сами да го проверите квалитетот. Едноставно капнете на лист хардија, доколку не се исушти и стане мазно тогаш значи дека бензинот не е чист и има додадено нешто во него.

Црн чад

Нема да биде излишно да се провери и работата на издувниот систем на автомобилот некое време после полнењето со гориво. Доколку црниот чат излезе од ауспухот тогаш ги има сите причини да го проверите горивото. Најверојатно има многу нечистотии во бензинот што чадат при согорувањето.

„Check Engine“

Во некои случаи поради нискоквалитетно гориво индикаторот „Check Engine“ може дури да засвети. Најчесто тоа се случува со разредено гориво, во кое адитивите што создржат кислород се присутни во големи количини. Бескрупулозните производители  го користат ова за да го зголемат бројот на октани во горивото. Се разбира, нема корист од таквото решение за автомобилот и има само штета.

Зголемена потрошувачка на гориво

Последно, не не и најмалку важно. Знак, кој укажува на нискоквалитетно и целосно лошо гориво е значително зголемување на потрошувачката веднаш после полнењето. Не ја потценувајте опсноста. Ова лесно доведува до затнување и последователно уништување на филтерот за гориво.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK