Од МИ-5 бараат добри инструктори за возење

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот 5 на Воената разузнавачка служба на Обединетото кралство (МИ-5) има потраба од иструктори за возење со цел што е можно подобро да ги обучи своите агенти. Единствените услови за кандидатите се да живеат на територијата на Велика Британија и да имаат валидна лиценца за иструктори.

Од МИ-5 се одговорни за заштита на Обединетото кралство при тероризам, шпионирање и сајбер напади. Со присоединувањето кон одделот како инструктори, лицата ќе играат значајна улога во зачувувањето на земјата. Тие мора да имаат лиценца која е според стандардите на DVSA (Driver and Vehicle Standards Agency), а на тој начин изборот станува пократок.

Идеалните кандидати се оние кои живеат во Лондон или се на растојание од најмногу 70 километри од Лондон. Годишната плата варира од 37.609 до 40.192 евра. Работата е на полно работно време и вклучува обука на персоналот на Ми-5 не само во главниот град туку и во други делови од земјата.

Ако исполнувате некој услув можете да се пријавите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK