Индија дневно „голта“ по 48.000 мотоцикли

ОБЈАВЕНО НА:

Авто производителите постојано постигнуваат добри продажни резултати, а истото се однесува и за продажните резултати кај мотоциклите на глобално ниво. А кој е лидер во продажба на нови мотоцикли? Мислите дека е Кина, но тоа сепак е Индија.

За тоа колку е голем индискиот пазар зборува податокот што тие во моментов се најголем светски потрошувач на мотоцикли. Лани во Индија се продадени преку 17,7 милиони мотоцикли. Тоа значи преку 48.000 мотоцикли секој ден.

Кинескиот пазар пак исто така е меѓу најголемите, а имаат само 900.000 мотоцикли помалку продадени! Последните седум години во Индија постојано има зголемување на продажбата на нов мотоцикли, а тие се најпопуларното превозно средство Се проценува дека во Индија дури 80 отсто од превозните средства се мотоцикли.

Падот на продажбата на мотоцикли во Кина се должи на секојдневното подобрување на патната инфраструктура, и во 2016 година имало за 11 отсто помалку продадени мотоцикли. Ако се спореди дека во 2009 година биле продадени преку 19 милиони тогаш може да се замисли колкав е пазарот.

Во Кина се предвидува намалување на продажбата пред сѐ поради заострените пописи околу издувните гасови и загадувањето на околината, и сеѐ поголемиот број на електрични возила.