Германски ADAC испита – дизелите не загадуваат!

ОБЈАВЕНО НА:

Кампањата што беше спроведена последниве години околу загадувањето од страна на дизелските мотори по откривањето на аферата Дизелгејт во голема мера ја намали продажбата на овие возила. Но, се почесто стигнуваат известувања дека тоа што досега се тврдеше и не е баш точно. Ова особено доаѓа од Германија каде покрај тоа што група на лекари излезе со став дека дизелите не загадуват во толкава мера како што се тврди, сега стигна уште посериозна потврда. И тоа од страна на германскиот автомобилски клуба ADAC кој важи за доста влијателен.

Според АDAC, денешните дизелски модели се многу почисти од сегашните еколошки стандарди, покажуваат резултатите од новите тестови направени од страна на германскиот автомобилски клуб ADAC во однос на емисиите во реални патни услови (RDE).

Германците тестирале 26 возила со пренослива опрема (Portable Emissions Measurement System – PEMS) и утврдиле дека за време на возењето сите тие исфрлаат во атмосферата многу помалку од дозволеното, од стандардот Евро-6d TEMP односно под 168 милиграми азотен оксид (NOx).

Дизелски мотори

Апсолутен шампион е Mercedes C-Class C220d кој практично не го ослободува NOx во движење. BMW 520d Touring и Opel Astra 1.6 D исфрлаат само по 1 милиграм на километар, а Citroen Berlingo BlueHDI 130 – по 7 мг / km. Во некои случаи, тестираниот дизел емитира помалку азотен оксид од еквивалентните бензински модели.

Бензински мотори

ADAC не е сосема сигурен како произведувачите имаат постигнато такви ниски емисии на NOx, но тврдат дека резултатите од испитувањето се веродостојни. Азотниот оксид е во фокусот на дебатата со години кај дизелското гориво, а лекарите го поврзуваат со астма, деменција и голем број на белодробни и срцеви заболувања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK