Полицијата има засилени акции: Еве колку се казните за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата е решена да се справи со возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила на патиштата, и особено со оние што сакаат често да „притиснат на педалот за гаста“ и да возат побрзо од дозволеното. Последниов месец често се засилени контролите на патиштата и полицијата ја мери и брзината со која се движат учесниците во сообраќајот.

Доколку решите да бидете еден од оние недисциплинирани возачи треба да имате на ум дека казните за брзо возење се големи, и зависат од тоа со која брзина ќе бидете „фатен“ на радарот.
А ако ве сними камерата, тогаш нема враќање. Може да се извлечете со помала казна или негативни бодови, но треба да знаете дека ако соберете 100 негативни бодови тогаш ви се одзема возачката дозвола и ќе мора повторно да полагате.

Еве ја листата на казни за направени прекршоци односно пречекорување на максимално возмолената брзина на патиштата.

Зголемена брзина во населено место
* На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.

Глоба во износ од:
* 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

*300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.

* 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина

* 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода , на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

Зголемена брзина надвор од населеното место
На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

130 km/h на автопат;
110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
90 km/h на други патишта.

Предвидени глоби од:
* 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина.Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

*300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина.Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.

* 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина.

*20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 km/h над дозволената брзина.

Ако сепак саката брзо возење, подгответе си доволно пари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK