Нов рекорд: Рaдарот на МВР го „фати“ со 235 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Ако некој смета дека македонските патишта се лоши и не е можно да се вози со многу голема брзина последната фотографија на МВР тоа го демантира. А автопатот Скопје – Велес – Гевгелија сообраќајната полиција „фати“ несовесен возач кој се движел со брзина од 235 км/ч. Тој е само еден од 32. возачи што биле казнети за брзо возење.

Полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 32 возачи. Од нив 16 на територија на Велес, 10 на територија на Кавадарци, шест на територија на Неготино…

Досега рекордот го имаше моторџија што возеше со 231 км/ч. пред девет дена на автопатот Куманово – Скопје.

Според Законот тие ќе треба да платат меѓу 300 и 400 евра во денарска противредност за прекршокот и плус дополнително ќе добијат и забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK