Audi започна со производство на моделот A1

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi во фабриката на VW Групацијата во шпанскиот град Марторељ започна со производството на втората генерација на A1.

Audi новата трета генерација ја претстави во јуни годинава, откако минатата година го потврди доаѓањето на овој модел. Она што е главна карактеристика на новата генерација е поголемите димензии. Така должината сега е зголемена за 56 милиметри односно изнесува 4.03 метри. Ширината останува речиси идентична и изнесува 1.74 метри додека пак висината изнесува 1.43 метри.

Не само најголем овој A1 е замислен како конкуренција на серија 1. За таа цел инжинерите од Инглоштад под хаубата меѓудругото сместија и 2.0 литарски дизелски мотор кој постигнува 200 КС и 320 Nm. Покрај овој најмоќен мотор, во понудата ќе бидат и стандардните 1.0, 1.2, 1.4 и 1.5 литарски TSI и TFSI мотори.

Продажбата на новиот модел во Германија веќе е започната. Цената за основниот модел изнесува 21.150 евра. Продажбата на овој модел во Македонија се очекува да започне кон крајот на оваа година.

Повеќе за овој нов модел на Audi прочитајте ТУКА.