Страшна несреќа на ридската трка на Ловќен (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

И 35. издание на неверојатната ридска трка „Ловќен“ не успеа да мине без инциденти. Новото издание од трката одново донесе страшен инцидент при кој тешка несреќа имаше возачот Горан Вучковиќ, кој управуваше возило Honda.

За оваа несреќа ќе се зборува долго особено поради тоа како возачот успеа да го преживее инцидентот.

Да биде уште полошо инцидентот од „прв ред“ го набљудуваа двајца гледачи преку кои возилото направи салто за потоа да слета на тркалата покрај патот.

Вучковиќ после „салтото“ и летот самиот успеа да излезе од целосно искршеното возило и мина само со полесна повреда на рамото.

Серијата на инциденти ја отвори возач на еден цивилен автомобил пред тренингот. Тој изгуби контрола над автомобилот и слета крај патот и заработи повеќекратки фрактури на коските на долните екстремитети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK