Како се порачува кафе во Италија – овие грешки не се дозволени

ОБЈАВЕНО НА:

За Италијанците подготовката и уживањето во кафето претставува начин на живот, но зависно од делот на земјата во која живеат или од која доаѓаат се разликуваат и во навиките. Околу 20 регии и повеќе од 8.000 градови расфрлани по целата чизма карактеризираат и бројни разлики. Кафето во Венеција главно е полно со вкус и арома, со ноти на ориентален мирис на ванила. Во Милано е лесно и нежно, а во Пиемонт и Лигури робусно.

Ако се најдете во Трст и сакате espresso во кафуле, волшевниот збор е nero, а capoпо е macchiato односно espresso со малку запенетено млеко. Marocchino кое се пие во Милано е карактеристично по додавањето на какао кое се додава на espresso со млеко. Во Tорино се нарекува bicerin, а во Апулија  треба да нарачате espressino. Во Наполи espresso се цени многу, а најпосакувано е кратко и јако.

За да нарачате кафе како Италијанец, треба да имате на ум дека кафињата со млеко како cappucchino, caffe latte и macchiato се резрвирани за утринските часови, а доколку ги нарачате после пладне можете да предизвикате и потсмев. Исто така кафињата не се пијат после јадење.

Италијанците во espresso уживаат брзо, многу често и на нога, а ако одлучите да седнете во кафуле повеќе ќе ја платите. Краткото espresso е ristretto, а lungo или americano е подолго. Треба да се има на ум дека americano, сепак, не е толку благо како американско кафе, но има и помалку вода на количина кафе.За да дојдете побрзо на себе после непроспиена нож ќе ви помогне doppio односно дупло espresso.

Latte macchiatto e млеко во кое се додава espresso, a за подготовка се користат еднакви состојки како за caffe latte, но изгледот се разликува. Latte macchiatto би требало да се послужи во висока чаша и да се подготви така што јасно ќе се гледаат различните слоев