Hyundai i30 караван со најголем багажник во класата

ОБЈАВЕНО НА:

По тизер фотографијата пред неколку денови, од Hyundai дојдоа и официјалните информации и фотографии за нивниот нов караван i30. Возилото располага со најголем багажник во Ц сегментот.

Според фабричките информации возилото ќе има 602 литри багажен простор, а со преклопување на задните седишта просторот се зголемува до 1.650 литри. Претходната генерација имаше багажник од 528 литри како основа, што можеше да се зголеми до 1.642 литри.

Официјалната промоција на моделот ќе биде на саемот на автомобили во Женева, што е трета генерација на моделот i30.

Возилото ќе се произведува во Чешка, а е дизјаниран во Риселсхајм, Германија што укажува на фактот дека корејската компанија сака да има автомобил по вкус на европските купувачи.

Караванскиот модел на i30 ќе го придвижува гама на мотори што веќе ја има и во хечбек верзијата. Послабиот трицилиндричен турбо бензински мотор ќе има 120 КС, а 1.4 литарскиот турбо бензински мотор со 4 цилиндри же нуди 140 КС: Дизелската верзија се заснова на 1.6 литарски четирицилиндричен мотор што се нуди со три нивоа, од 90, 110 и 136 КС.


Во зависност од избраниот мотор i30 караван ќе се нуди во комбинација со рачен 6-степен или автоматски 7-степен менувач со две квачила. Преносот на силата ќе бид епреду предните тркала.

Веднаш по премиерата во Женева, моделот ќе биде достапен во салоните, а Hyundai најавува дека наскоро може да се очекува и најсилниот i30 N, и тоа до крајот на годинава.