„Лавот“ со принова во Македонија: Peugeot 3008 e „далеку пред сите“

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot секогаш е ориентиран кон европските пазари, па затоа и моделите повеќе се наменети за вкусовите на Европејците. Иако со задоцнување во однос на околните држави, Peugeot 3008 е претставен и пред македонските новинари и публика. Новиот Peugeot 3008 уште од самиот почеток на појавувањето предизвика големо внимание во автомобилскиот свет. Тоа се одрази на продажните резултати, особено што доаѓа во сегмент што последниве години е многу баран.

Неколкучасовното дружење со моделот требаше да ни ги објасни сите негови предности, и да ни потврди дека сѐ она што се пишува за него е вистина. На располагање имавме неколку возила со различни мотори и нивоа на опременост. Повеќе асфалт, помалку оф роуд, а сепак може барем малку да се почувствуваат неговите СУВ особини.

Суштинската промена во однос на претходната генерација е преминување од МПВ сегмент во класичен кросовер. А тој сегмент е сега во мода. Но, барањата на пазарот се однесуваат и во друга насока, па затоа Peugeot 3008 нема погон на 4х4, што одговара на модерниот концепт на СУВ. Во однос на претходната генерација, најголемата промена е преминувањето од МВП во класична СУВ. Моделот е поставен на EMP2 механичка платформа на групацијата PSA, која е полесна околу 100 кг., а автомобилот е подолг за 8,5 см. во однос на првата генерација, со вкупна должина од 4,45 метри. Ширината е иста, а сега клиренсот е зголемен на 22 см. за да се задоволат потребите на теренско возење.

Во однос на безбедноста на задниот дел на возилото Ве поздравуваат 3 проѕирно-црвени канџи од LED диоди кои се препознатливи уште од далечина од 100 метри.

Слично е и во однос на понудата на мотори. Сега ги има и добро познатите Puretech бензински и BlueHDi дизелски мотори. Како еден од поинтересните мотори кој сега го има е 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец со 130 КС. Овој мотор е прогласен за „Мотор на Годината“ две години по ред (2015,2016). Тука се и 1.6 THP 165 KS и тоа со автоматски менувач, и уште две дизелски верзии, 1.6 HDi со 120 КС, и 2.0 литарски Blue HDi со 150 КС.

Најпрепознатливите карактеристики на новиот Peugeot 3008 се:

* Неговата нова предна решетка со хромиран прстен околу халогените предни светла со брусен и моќен изглед, елегантни, мачкасти Full LED светла во комбинација со врежана коцкаста предна маска, флуидни и динамични линии, нагласени со вметнатиот детаљ на елегантно хромирано крило продолжено со кровен лак од нерѓосувачки челик.

* 8 инчниот екран на допир, персонализиран и конфигуративен 12,3 инчен Heads up дигитален дисплеј, врвен компактен управувач со интегрирани контроли и поставеност сосема удобна за возачот, со цел да не почувствува замор во пределот на рацете.

* Многуте безбедносни мерки, како: Active Safety Brake & Distance Alert, Active Lane Departure Warning,  Driver Attention Warning, Smart Beam Assistance, Speed Limit Sign Recognition & Recommendation, Adaptative Cruise Control With Stop Function, Active Blind Spot Monitoring, 360° View.

* I-Cocpit Amplify кој ви овозможува промена на режим на возење од динамичен во релаксирачки, седишта со 8 точки за масажа, гласовно бирање на функции, промена на мирисот во возилото.

* Повисоко поставена централна конзола за целосно внимание на возачот без при тоа да го трга погледот од патот. Посебно внимание привлекуваат „пијано клавиши“ или поточно TOGGLE прекинувачите кои служат за полесен и побрз пристап до потребните функции како (клима уред, радио, навигација, телефон и мобилни апликации итн)

*  Advanced Grip Control + HADC (Hill Assist Descent Control) со употреба на 5 режими на возење. Нормален режим, режим песок, режим кал, режим снег, како и режим за ESP off, односно можност за исклучување до брзина од 50 km со цел да му се овозможи на возачот целосна автономија, а со опцијата Descent Control останувате под потополна контрола дури и кога ќе се соочите со најстрмните патеки без при тоа да треба возачот да ја користи педалата за сопирање.

Линк за каталог
Линк за ценовник и технички карактеристики