Максимална безбедност: За 16 години Volvo XC90 без ниту една жртва во Англија (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото Volvo XC90 е признаено како најбезбедното во Велика Британија. Според центарот за истражување Thatcham Research од почетокот на продажбите на шведскиот СУВ во 2002 година никој нема загинато, додека го возел или се возел со ова Volvo.

Од 2002 година досега на територијата на Обединетото кралство биле пласирани повеќе од 50.000 возила XC90. Основната предност на моделот се иновативните системи за сопирање во итни случаи и за предупредување од евентуален судир.

Користењето на таквиот систем го потенцираат специјалистите од Thatcham, а тоа ја намалува веројатноста од судир за 38 проценти и може да спаси 1100 животи во следната деценија. Покрај тоа тие придонесуваат и за намалување на размерот на осигурувањето.

Во 2015 година најновата генерација на Volvo XC90 ја доби највисоката оценка во историјата на краш тестовите на Еuro NCAP освојувајќи 37 поени (односно 97 проценти од максималниот можен резултат).

Минатата година во ноември тој резултат беше подобрен од кросоверот XC60. Тој стана најбезбедниот автомобил на годината, а доби оценка од 37,2 поени (98 проценти од максималниот резултат).