Новото Volvo XC60 автоматски ќе ги избегнува незгодите (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Женева следната недела ќе се појави редизајнираниот Volvo XC60, но поинтересно е што во тој модел ќе биде вграден новиот Volvo City Safety collission avoidance system што самиот ќе може автоматски да го оттргне возилото од некоја несреќа во рамките на правилата на патот.

City Safety во моментов може да реагира на сопирачките за да се избегне објект на патот пред возилото ако возачот не реагира навреме, но најновата верзија што ќе дебитира во редизајнираниот XC60 автоматски ќе се управува или ќе обезбеди поддршка за управување во ситуации кога сопирањето само по себе не е доволно. Системот ќе биде активен меѓу 50 и 100 км/ч.

Новина е и додатокот во системот за асистенција за одржување на правецот на движење што го предупредува возачот во случај да ја напушти траката и пружа асистенција на управувањето, за да се задржи правецот. Системот ќе биде активен на брзини меѓу 60 и 140 км/ч.

Унапреден е и системот за предупредување н аобјекти што се вртвиот агол, што повторно го активира автматското вртење, т.е. враќање во траката во случај возачот на започне маневар а не е свесен дека има автомобил зад себе или во траката пред него.

Покрај овие подобрени системи за помош на возачот, во редизјанираниот XC60 ќе има вградени и системи што веќе се наоѓаат во моделот XC90 како што е на пример пилот асист, што овозможува полуавтономно возење. Овој систем овозможува автомобилот сам да забрзува, успорува и управува со возилото на патот со јасни ознаки до брзина до 130 км/ч.