Се продава автомобилот BMW M1 кој беше во сопственост на Пол Вокер

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот BMW M1 кој беше во сопственост на сега починатиот глумец Пол Вокер е објавен на продажба преку интернет сајтот Bring a Trailer.

Станува збор за модел произведен во 1980 година кој има поминато само 6.800 километри.

Автомобилот го придвижува моќен 3,5 литарски шест цилиндрен мотор кој продуцира максимални 350 КС. Тука е имануелниот петстепен ZF менувач, LSD диференцијалот како и 16 инчните тркала.

За купувањето на овој автомобил покрај многу пари ќе ви биде потребно и голема среќа бидејќи интересот за истиот е доста голем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK