Трик што помага: Пена за бричење за чисти стакла

ОБЈАВЕНО НА:

Доаѓа период кога поради разликата во температурата во кабината на автомобилот и надвор доаѓа до замаглување на стаклата. И пред да тргнете секогаш се нервирате, ви треба време да го исчистите стаклото. Немате со што, па користите раце! А тие повторно се замаглуваат? И што да се прави.

Секако дека постојат многу начини, но овој малкумина го знаат. Едноставно ви треба пена за бричење. Таа ќе го реши вашиот проблем. Како?

Лесно. Премачкајте ги сите стакла со пена за бричење и добро истрлајте со хартија. Таа нека биде згужвана, и бришете се додека не се изгуби пената. Ќе ја видите разликата и предноста.

Истото можете да го користите и кај огледалата во купатилата.