LUPA E26 – шпанска конкуренција за Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанија има одговор на Tesla – LUPA E26 е целосно електричен автомобил развиен во Шпанија кој доаѓа во 2023 година.

Станува збор за градски хечбек од B сегментот кој е со должина од 4.069 мм и висина од 1.519 мм.

Располага со електромотор кој продуцира 117 КС, а до стотка ќе забрзува за 9 секунди, што е под просекот кога се во прашање целосно електричните возила.

LUPA E26

Литиум-јонската батерија е со капацитет од 42 kWh и гарантира автономија од 300 км. Производителот најавува дека 80% од капацитетот на батеријата се полни за 28 минути.

Компанијата која е со седиште во Барселона наведува дека автомобилот ќе се продава исклучиво преку интернет, а почетната цена ќе се движи околу 20 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK