Во Тетово и Гостивар 102 возачи со глоба за „непрописно престигнување“

ОБЈАВЕНО НА:

Од МВР неделава се пофалија дека се намалува бројот на сообраќајни незгоди на патиштата, но засилените сообраќајни контроли покажуваат дека некои навики на возачите им остануваат. Покрај возењето без возачки, технички неисправни и нерегистрирани возила последната акција на полицијата покажа дека во Тетово и Гостивар дека не се почитува ниту прописното престигнување.

Вчера на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување при што се санкционирани 102 прекршители (53 Тетово и 49 Гостивар). Санкционирани се и 46 други прекршоци.

Непрописното престигнување може во голема мера да ја зголеми небезбедноста на учесниците во сообраќајот, па затоа полицијата посебно го издвои овој сегмент како еден од зачестените.

И на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување при што се санкционирани 35 прекршители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK