Во Европа доаѓа и електричниот пикап F-150 Lighting

ОБЈАВЕНО НА:

По претставувањето на 100% електричниот Mustang Mach-E на европскиот пазар, Ford објави уште една важна вест поврзана со електрификацијата на марката. Eлектричната верзија на предводникот на компанијата моделот F-150 LIGHTNING – почнува да се нуди на пазарите во Европа.

Првиот пазар на кој Ford ќе го понуди F-150 LIGHTNING за купување е Норвешка, и локалните потрошувачи сега се во можност да аплицираат за ограничен број на возила од верзијата Lariat Launch Edition на електричниот пикап.

Потрошувачите во Норвешка се најжестоките поддржувачи на ЕВ во светот, кои веќе сочинуваат 21 отсто од 2,9 милиони возила на патиштата во земјата. Речиси 80 проценти од продажбата на нови патнички возила во Норвешка беа електрични во 2022 година, како и повеќе од 20 проценти од продажбата на комерцијални возила – бројка што се очекува да достигне 40 проценти оваа година поттикната од зголемената побарувачка од бизнисите и зголемената понуда.

Електричната верзија на најпродаваниот пикап во Америка во последните повеќе од 40 години ветува моќност од 458 КС и вртежен момент од 1050 Nm, возбудливо однесување на патот со можност за забрзување од 0 до 100 км/ч. за помалку од 5 секунди.

Товарен простор од 400 литри, високотехнолошки решенија за поврзување, автономниот систем за контрола BlueCruise, иновативен систем за информации за комуникација и навигација со голем вертикално поставен екран од 15,5 инчи, сериозни можности за користење на електричниот автомобил како извор на електрична енергија во работни средини и во итни ситуации преку новиот Ford Intelligent Backup Power систем, интегриран систем за индикативно мерење на оптоварување и друго.

Слободниот дострел на F-150 Lightning е околу 380 километри, носивоста е 805 килограми, а капацитетот на влечење е речиси 3,5 тони.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK