Уште поголем, уште полуксузен – Volvo наскоро ќе го лансира XC100

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку денови откако се појавија информациите дека Volvo планира да лансира нов, уште помал од XC40 SUV модел, се појавија и такви кои наведуваат дека наскоро Volvo ќе го лансира и моделот XC100.

Станува збор за уште поголем, уште полуксузен SUV модел од актуелниот XC90 кој ќе дојде како ривал на BMW X7 и Mercedes GLS.

Оттука должината се очекува да изнесува околу 5,2 метри односно за 30 мм подолг од XC90. Ова ќе овозможи уште поголем простор за патниците, особено на задната клупа како и зголемување на багажниот простор.

Во понудата ќе дојде и верзија со седум седишта како и целосно електрична верзија која во понудата ќе прави друштво на неколкуте бензински мотори. За таа цел ќе се искористи SPA2 платформата на која веќе се базира моделот XC90.

Иако нема точен датум, сепак се шпекулира дека овој модел премиерно ќе биде претставен следното лето.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK