Toyota не се откажува од моторот со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Многу производители на автомобили неодамна најавија комплетно откажување од моторите со внатрешно согорување во корист на електричниот погон. И покрај тоа има и такви компании, кои не го делат ова мислење. Меѓу нив е и лидерот за продажби во светот, Toyota.

Компанијата од Јапонија не се откажува од преминот кон електромобили, но ќе се обложи на поконзервативна и соодветно подолга транзиија. Од Toyota објавија дека за достигнување на јаглеродната неутралност важна улога ќе продолжат да играат хибридите и тоа како стандардните така и оние на полнење (PHEV), а исто така и автомобилите со водородно полнење.

Според американското претставништво на брендот, сè уште е многу рано да се зборува за откажување од моторите со внатрешно согорување. Проценките на брендот покажуваат дека во 2030 година, не повеќе од 15% од продажбите на Toyota во САД ќе бидат на електромобили (BEV) и водородни модели (FCEV). Во истото време компанијата ќе има електрофицирано 70% од продадените автомобили на Lexus и Toyota, што означува дека повеќето од нив ќе бидат хибриди.

На светско ниво, Toyota очекува после девет години да продава околу 8 милиони електрифицирани превозни средства, а не повеќе од 2 милиони ќе бидат BEV и PHEV. Тоа значи дека во блиска иднина, компанијата нема да може да се ослободи од моторите со внатрешно согорување, кои ќе продолжат да играат голема улога во нејзините модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK