За да „врви“ бизнисот без проблеми: ADAC ги намали цените за помош на пат за каминоџиите

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот за камиони на најголемото германско возачко здружение ADAC сака да покаже солидарност во кризата со коронавирусот. Затоа, ги намалува цените за помош при дефект на камионите за десет проценти. Сега „жолтите ангели“, како што ја нарекуваат службата за помош на патиштата, ADAC во Германија, ја намалува такста за помош на пат за камионите до 30 јуни 2020 година.

„Одлучивме да го направиме овој чекор затоа што на моменти како овој, важно е да покажеме солидарност и да дадеме придонес“, вели Дирк Фролих, управен директор на ADAC Тракрсервис. „ На крајот на краиштата, транспортните компании обезбедуваат стоки и храна, а сите, кога има дефект или некоја несреќа, треба барем да ја добијат возможната финансиска поддршка“

Попустот важи за сите случаи со извештаи за дефекти добиени директно на телефонската линија – 0 800 5 24 80 00 (внатрешен) и 0049 7333 80 83 50 (во странство).
Покрај обезбедување на помош и трошоци за работа, ова вклучува и целата замена на резервни делови и гуми, како и влечење на оштетениот камион.