Renault ветува електромобил за 10.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Renault планираат во следните пет години да го промовираат првиот електричен автомобил во Европа, кој би требало да чини до 10.000 евра. Тоа беше објавено од страна на главниот извршен директор на Renault, Тиери Болоре во интервју за Handelsblatt.

„Работиме на тоа и ќе ни требаат барем пет години за да може еден таков автомобил да се појави на пазарот во Европа. Цените на електричните автомобили треба да паднат драстично, а тоа е неопходно“, смета Болоре.

Според директорот на Renault електромобилноста и хибридните автомобили се дел од решението за проблемот со климата.

Друг „убиец“ на дизелот, иако е сè почист со новите технологи се новите законски измени кои го прават поскап како гориво.

„Дизел технологиите денес, во однос на расходите им конкурираат на хибридните  и електричните мотори особено за малите автомобили. Какво место ќе заземе дизелот во крајна сметка? Можеби ќе бидиме повеќе дизел автомобили во провинцијата, каде луѓето треба изминуваат големи растојанија“ вели Болоре.

Тој признава дека автомобилската индустрија ќе се судри со големи проблеми.

„Секторот е во криза, а најголемиот ризик е тврдиот Brexit. Тешкотијата е и во тоа што сите проблеми доаѓаат во исто време. Како дополнување кон трговскиот конфликт, кризата во Aргентина, санкциите против Иран и Русија. Да не го заборавиме и фактот дека дизел кризата го успори развојот на регулацијата за автомобилските производители“, коментира Болоре.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK