Германски Барон помина еден милион километри со Tеslа

ОБЈАВЕНО НА:

Традицијата веројатно налага еден германски аристократ  да се вози во елегантен Mеrсеdеs-Bеnz со личен возач. Сепак, Баронот Хансјорг Фрајхер фон Геминген Хорнберг има друга претстава за личниот транспорт.

Аристократот од Германија се пофали на Twittеr, дека успеал да извози еден милион километри со црвената Tеslа Mоdеl S. Електромобилот е купен во 2013 година, а тоа значи дека успеал да измине 166.667 километри годишно или по 468 километри на ден.

Рекордната километража не е поврзана со работата на Фон Геминген-Хорнберг. Дури напротив. Баронот кој има 56 години признава дека има корист од привилегијата, нема да мора да ја користи својата привилегија и нема да биде должен да работи до крајот на животот.

За шест години батеријата на електромобилот била заменета само една, но фон Геминген-Хорнберг не може да се сети кога и на колку километри. Таа била од стар тип и баронот смета дека новата ќе успее да издржи до еден милион милји односно 1.609.000 километри.

Електромоборот се претставил доста послабо. Во моментот во автомобилот работел само четвртиот, додека претходниот три се потрошиле доста брзо. Сегашниот, сепак, издржал 680.000 километри. Гумите исто така биле менувани на секои 50.000 километри, но кцелосно расходите биле занемарливи бидејќи сите детектирани делови со проблеми биле сменети во рамки на гаранцијата, а полнењето било бесплатно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK