BMW повеќе не верува во бензинците

ОБЈАВЕНО НА:

Пред една недела Харолф Кругер му го отстави своето место шеф на BMW на Оливер Ципзе. Ова за Bloomberg значи дека почнува нова ера во развојот на BMW, а тоа значи дека веќе не им се верува на бензинците и почнува комплетно насочување кон електромобилите.

Кругер се откажа од трошење на пари за промоција на електромобили, а уште повеќе поради тоа што компанијата има многу помала заработувачка од нив отколку од традиционалните автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Тој немаше дадено отчет за производството на електромобилите, а дефинитивно продажбите на i3 ги имаат целосно разочарано Баварците. Од првата генерација која почнала да се изработува во периодот од 2013 до 2016 година биле купени малку повеќе од 60.000 автомобили.

Сега на новиот шеф е да биде поактивен и со страгетија која датира уште од 2017 година. BMW ќе понуди ново лице, а до 2025 година Баварците ветуваат да пуштат на пазарот 25 електрифицирани превозни средства од кои 12 ќе бидат целосно електрични.