Sportage останува најпродаван модел на Kia во светски рамки

ОБЈАВЕНО НА:

Kia Motors corporation оствари продажба на 265.714 возила во октомври во светот, што е за 6,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Најголемиот дел од продажбата е надвор од Кореја, и тоа 217.705 возила што е за 7 отсто повеќе.

Во светски рамки моделот Sportage останува најдобро продаван автомобил со реализирани 34.811 возила во октомври. Потоа следуваат Seltos со 30.822 возила и К3 седанот со 25.533 возила.

Во Кореја продажбата пораснала за 1,8 отсто во однос на истиот период лани, и сега се продадени 48.009 возила. Тоа се должи на добрата продажба на миниванот Carnival (исто така познат како Sedona на некои пазари) и на Sorento и Seltos Кои го поддржаа растот на домашниот пазар.

Продажбата на странските пазари забележа скок од 7% во однос на претходната година со 217.705 единици, водени од модели како SUV возилата, Sportage и Seltos и седан K3.

Компанијата очекува солидни резултати од продажбата да продолжат и во наредните месеци благодарение на проширената линија на SUV, вклучувајќи го и Sonet SUV, промовиран во Индија во август и дебито на бензински модел на SUV Sorento.

И покрај неповолното деловно опкружување, Kia ќе продолжи да се фокусира на спроведување на својата стратегија „Plan S“, среднорочна и долгорочна мапа на компанијата за трансформација во компанија за мобилност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK