Lancia Aurelia B20GT од 1953 година за 215.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Со произведени само 720 примероци од серијата III, Aurelia е најбараниот модел на Lancia на пазарот на олдтајмери. Еден таков автомобил произведен во 1953 година кога е и увезен во Велика Британија се најде на продажба во оваа земја.

Станува збор за моделот B20GT од третата серија на Aurelia опремен со 2.5 литарски V6 мотор кој продуцира 118 КС, а доаѓа во комбинација со четири степен мануелен менувач и бројни други механички компоненти.

На “освежувањето” на овој автомобил потрошени се 1.200 часови, а временски реставрацијата траела две години пред сопственикот да замине на турнеја на алпите долга 3.219 км.

Сега овој автомобил се продава за 185 илјади фунти што е еднакво на 215 илјади евра. Во превод, за тие пари можете да добиете Lamborghini Urus и кусур од 50 илјади фунти, но споредбено со побарувачката оваа сума и не е толку голема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK