Снимен новиот хибриден модел на Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari минатата година го објави планот во поглед на електрификација на понудата. Хибридните модели како меѓуфаза беа најавени за следните неколку години. Во контекст на ова motor1 објави шпиунска фотографија од камуфлираниот нов хибриден модел кој се развива под кодното име F171.

За овој модел нема никакви официјални информации. Се шпекулира дека би можело да се појави кон крајот на оваа година, а во производство да влезе во првиот квартал следната. Почетата цена ќе изнесува над 200 илјади евра, а ќе бидат произведени ограничен бројни примероци.

Во однос на мотористиката, истата, според пишувањата, ќе претставува комбинација на 3,0 литарски бензински twin-turbo мотор и еден електромотор кој заедно ќе продуцираат нешто над 700 КС.

Повеќе детали како и официјални тизер фотографии се очекуваат во текот на летото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK