Smart подготвува електричен кросовер

ОБЈАВЕНО НА:

Мини автомобилите Smart пораснуваат – германскиот бренд основан 1994 година во моментов работи на својот прв кросовер.

Моделот, чије име засега останува непознато, ќе се базира на SAE платформата која е развиена од страна на Geely. Овој модел ќе биде прв целосно развиен како заедничко вложување на кинескиот производител со Daimler во кој дизајнерите на Mercedes ќе го имаат последниот збор кога е во прашање дизајнот.

Засега не се откриваат други детали. Она што се шпекулира е дека овој модел ќе се произведува во Кина каде и најпрво ќе се продава, а потоа ќе биде достапен и на европските пазари.

Во производство ќе се појави најдоцна кон крајот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK