Skoda Kamiq влезе на производните ленти

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda објави дека во својата фабрика во чешкиот град Млада Болеслав започна производството на SUV возилото Kamiq.

Како возило кое е комбинација на Karoq и Scala, овој SUV се базира на MKB27 платформата и е со должина од 4.241 мм што го прави најмалиот SUV во понудата на чешкиот производител.

Кон крајот на минатиот месец, Skoda ги објави и цените за овој модел. Така, цената за основното ниво на опременост со 1.0 литарски TSI мотор изнесува 17.950 евра. Интересно е тоа што во матичната земја, Чешка, за истиот модел со основно ниво на опременост ќе мора да одвоите 14.930 евра.

До почетокот на август овој модел треба да е достапен и во останатите европски земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK