Седмата сезона на наградната игра „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“ – за најсреќниот Honda CR-V

ОБЈАВЕНО НА:

Денеска започна 7-та по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“, што ќе трае до 10 декември.

Макпетрол ја почнува новата сезона од наградната игра во која најмногу добиваат корисниците на Верна картичките, и до декември годинава ќе има можност да се добие некоја од наградите, меѓу кои главната награда е автомобил Honda CR-V.

“И покрај отежнатите економски и пандемиски услови, наградната игра повторно започнува како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите верни купувачи во центарот на нашата работа, се вели во соопштението на компанијата.

„Бројот на членовите на Верна програмата за лојалност и посетеноста на нашите продажни објекти се доказ за квалитетот на нашите производи и доказ за довербата на корисниците кон нашата Компанија. Затоа Макпетрол, лидер во областа на енергетиката на македонскиот пазар, води особена грижа за своите потрошувачи. Компанијата секогаш се труди да го обезбеди најдоброто, како преку квалитетните ULTRA горива, така и преку услугата и односот кон потрошувачите“.

„Како и во десегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Вашата Верна картичка ќе бидете потенцијален добитник на лаптоп DELL, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени. Во текот на наградна игра ќе ги доделиме следните главни награди: три награди 7 дена за двајца во хотелот на Макпетрол во Струга, 2 моторцикли Honda, гумен чамец заедно со приколка и вонбродски мотор Honda и финалната мастер награда – современата Honda CR-V Elegance“.

Оние потрошувачи кои се уште немаат Верна картичка, тоа можат да го сторат уште денес, со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK